Ѓорческа и Тајхман се пласираа во четвртфинале на турнирот во Љубљана

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа заедно со нејзината колешка Џил Тајхман остварија победа во осминафиналето на турнирот во Љубљана против Марина и Надија Колб.

Првиот сет го одбележаа по неколку брејка на двете страни, но во тај-брејкот поуспешни беа Ѓорческа и Тајхман со 7-5.

Третите носителки на турнирот целосно се распаднаа во вториот сет, а тоа го искористија Ѓорческа и нејзината колешка за да слават со 6-0.