Ѓорческа и Стоилковска напредуваа на ВТА листата, пад за Ивановски
Ѓорческа која оваа недела настапува на ИТФ фјучрс во Анталија, со 312 поени се најде на 239. место на ВТА листата, што е напредок за три позиции во однос на минатата недела.
Пласманот за пет позиции го подобри Магдалена Стоилковска која сега се наоѓа на 1.211. место.
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски има пад од четири места на АТП листата, сега е на 345. позиција.
Пад од четири места има и Горазд Србљак кој сега е 1.096 место и Обрад Марковски кој е 1.609.