Ѓоковиќ за речиси час ипол го декласираше Беранкис

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во следното коло на гренслем-турнирот Ролан Гарос, откако денеска беше подобар од Ричардас Беранкис со 3-0 во сетови, односно 6-1, 6-2 и 6-2.

Ѓоковиќ одигра експресен прв сет, кој го доби со 6-1, откако направи два брејка на противничкиот сервис, по што следеше сигурна игра и во следниот сет, но таму загуби еден гем повеќе (6-2).

Третиот сет беше сличен на претходните два бидејќи Ѓоковиќ повторно направи два брејка на противнички сервис и со 6-2 триумфираше на мечот.