Ѓоковиќ тргна на џогинг во Астана, па добро испоти десет телохранители во одела (ВИДЕО)

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ кој ќе игра на АТП турнирот во Астана (Казахстан), слободното време реши да го искористи малку да џогира во пресрет на натпреварите, ама поради неговата одлука најмногу настрадаа – десет телохранители.

Облечени во одела како придружба, телохранителите мораа да трчаат со Ѓоковиќ, кој добро ги испоти, додека граѓаните на Астана воодушевено гледаа, а некои деца им се тридружија во џогингот.