Ѓоковиќ сепак се враќа на терените годинава

Новак Ѓоковиќ по поразот од Данил Медведев во финалето на Ју-Ес опен изјави дека нема да игра на ниту еден турнир до крајот на сезоната.

Сепак, последните информации велат дека српскиот тенисер ќе игра на мастерсот во Индијан Велс од 7 до 17 октомври. Неговото име се појави на потврдените учесници на турнирот. 

Таму се и Данил Медведев, Стефанос Циципас, Александар Зверев, како и Матео Беретини. До крајот на сезоната покрај мастерсот во Индијан Велс ќе се игра и мастерсот во Париз, како и завршниот АТП Куп, кој ќе се одржи во Торино.

Очигледно е дека Ѓоковиќ не сака да се откаже од првото место на АТП-листата, бидејќи Медведев има 1.558 бодови помалку.