Ѓоковиќ се помачи само во еден сет за да обезбеди трето коло на Роланд Гарос

Најдобриот светски рекет Новак Ѓоковиќ обезбеди трето коло на вториот годинешен гренслем Роланд Гарос, откако во три сета го победи Словакот Алекс Молчан, чиј тренер сега е Марјан Вајда, долгогодишниот тренер на српската ѕвезда.

Ѓоковиќ само во еден сет имаше проблеми за да слави против Молчан и тоа во последниот трет сет, откако првите два лесно и експресно ги доби со 6-2 и 6-3, па мораше тајбрејкот да решава во последниот во кој Србинот славеше со 7-6 (7-4 во тајбрејкот).

Само 27 минути му требаа да го добие првиот, нешто повеќе (43 минути) за вториот, во кои Ѓоковиќ имаше преку 70 отсто успешен прв сервис, па Словакот немаше решение. Но, заигра далеку подобро во последниот сет, иако по третиот гем го загуби својот сервис, но брзо направи рибрејк за да се врати во следниот на сервис на Ѓоковиќ.

Србинот во осмиот гем спаси брејк за да него загуби сетот, а потоа мечот влезе во тајбрејкот во кој три врзани поени со еден брејк на Ѓоковиќ му ја донесоа предноста од 5-2, за на крај да слави со 7-4.

Следен противник на Ѓоковиќ е Словенецот, Алијас Бедене.