
Ѓоковиќ од Париз испрати порака: Косово е Србија – стоп на насилството!
И откако најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ убедливо тргна на вториот годинешен гренслем турнир Роланд Гарос, по мечот испрати порака – Косово е Србија, стоп за насилството.
Ѓоковиќ пораката ја напиша на камерата после победата во три сета против Александар Ковачевиќ, а во второто коло во среда наутро го чека меч со Мартон Фучович.