
Ѓоковиќ: Не жалам за ништо и му честитам на Алкараз, заслужи да се врати на тронот!
Ѓоковиќ кажа дека не жали поради неговите одлуки, по што испрати честитка до новиот лидер на АТП-листата, Карлос Алкараз.
„Не жалам за ништо. Во животот научив дека тоа може да ви наштети и да ве натера да живеете во минатото, а јас тоа не го сакам. Не сакам да живеам ниту во иднината. Сакам да бидам во сегашноста колку што е можно, но и да размислувам за иднината. Му честитам на Алкараз, заслужи да се врати на тронот“, кажа Ѓоковиќ.