Ѓоковиќ ќе може да игра на УС Опен!

Новак Ѓоковиќ и официјално ќе може да оди на територијата на САД, забраната за престој на невакцинирани странски државјани во оваа земја е укината и порано од планираното.

Американскиот сенат гласаше во корист на поништување на одлуката за вонредна состојба во САД поради пандемијата на коронавирус, тоа значи дека Новак Ѓоковиќ и дефинитивно ќе може да настапи на УС Опен.

За одлуката 68 гласаа за, 23 беа против. Таа многу брзо треба да стапи на сила и да почне да се применува.

Претходните најави беа дека вонредната состојба ќе биде укината во мај, но се случи еден месец порано. Сепак не доволно брзо за Новак да игра на Индијан Велс и Мајами.

УС Опен оваа година е од 28. август до 10. септември.