Ѓоковиќ ќе ја брани титулата во Мадрид

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на Мастерсот во Мадрид, а тоа го потврдија и организаторите, кои објавија список со учесници на турнирот.

Во Мадрид ќе играат и Рафаел Надал, Роџер Федерер, Доминик Тим, Данил Медведев, Стефанос Циципас и уште неколку квалитетни тенисери.

Турнирот е закажан за период од 2 до 9 мај.