Ѓоковиќ и официјално му се враќа на тенисот – прва станица Монте Карло!
Тоа ќе биде само второ учество на Србинот годинава, по собирот во Дубаи, каде што загуби уште во четвртфиналето од Јиржи Весели, по што го загуби првото место на АТП-листата. Во меѓувреме, на Ѓоковиќ не му дозволија да настапи на Индијан Велс, но тоа не го спречи пак да стане најдобар на светот по брзата елиминација на Данил Медведев.
Српскиот тенисер ќе ја брка третата круна во Монте Карло, за што ќе има тешка задача со оглед што ќе настапат ривали како Рафаел Надал, Медведев, Циципас, Зверев, Беретини... Шпанецот е најтрофеен со дури 11 победи во Монако.