Ѓоковиќ го чека долга пауза: Ќе ги пропушти турнирите во Мајами и Дубаи?

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои трофејот на Австралијан опен и така стигна до 18 гренслем-титули во кариерата, но проблемите со повредата ќе го одалечат од теренот долго време.

Ѓоковиќ ќе мора да паузира еден месец поради повредата на мускул на стомакот, па тоа значи дека најверојатно ќе пропушти неколку турнири меѓу кои и Мастерсот во Мајами, кој е закажан за 24 март, како и турнирот во Дубаи, кој почнува на 14 март.

Иако Србинот е планирано да оздрави пред турнирот во Мајами, сепак сака да одмори дополнително за да може потоа да настапи во Монте Карло на 11 април, кога почнува сезоната на земја, а потоа се очекува негов настап и на Ролан Гарос на 23 мај.