Ѓоковиќ ги дозна ривалите за турнирот во Тел Авив

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе заигра во Тел Авив, Израел, на турнирот во серијата АТП 250, а во првото коло ќе биде слободен по што ќе се соочи против подобриот од мечот меѓу Тиаго Монтеиро и Пабло Андухар.

Проектираната ждрепка ни носи потенцијален меч меѓу Ѓоковиќ и Талун грикспор од Холандија, а ако Србинот ја мине и таа пречка, тогаш најверојатно ќе се соочи против Диего Шварцман или Аслан Карацев.

За Србинот ова е прв турнир по паузата затоа што не можеше да игра на американската турнеја бидејќи не е вакциниран против ковид-19.