Ѓоковиќ е тешко повреден, го чека операција?! (ФОТО)

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, би можел да биде отсутен од теренот подолго отколку што се очекуваше, објави новинарот на „Њујорк тајмс“, Кристофер Клери.

Клeри напиша дека повредата на левото рамо на Новак е потешка од првично утврдената и дека е потребна операција.

Ѓоковиќ е елиминиран во осминафиналето на САД Опен откако го предаде мечот во дуелот против Станислас Вавринка. Дури и пред тој натпревар, Србинот се жалеше на повреда на левото рамо, која за прв пат ја почусвтвувал на мастерсот во Синсинати.

Ѓоковиќ во моментов е во Швајцарија каде го лекува повреденото рамо.

Српскиот ас неодамна изјави дека очекува да се врати на терените до крајот на сезоната, а планира да се натпреварува на турнири во Токио, Шангај и Париз, како и на последниот Мастерс куп и Дејвис купот.