Ѓоковиќ без проблеми до трето коло, Чилиќ се измачи во пет сета во Австралија

Новак Ѓоковиќ на теренот помина околу 90 минути и славеше против Иту Татсум со 3-0 во сетови, односно 6-1, 6-4 и 6-2, додека на останатите натпревари немаше изненадувања.

Јапонецот успеа да освои само седум гема во текот на мечот, па не беше достоен противник за Србинот.

Во следно коло се пласираше и Марин Чилиќ, кој во возбудлив меч во пет сета славеше против Беноа Пер. Чилиќ го доби првиот сет со 6-2, а францускиот тенисер направи пресврт со 7-6 и 6-3, по што следните два сета ги освои хрватскиот тенисер со 6-1 и 7-6.

Стефаноц Циципас без борба се пласираше понатаму, откако Филип Колшрајбер му го предаде мечот.

Во женска конкуренција Наоми Осака славеше против Саисаи Женг со 6-2 и 6-4, а Кори Гауф победи против Сорана Кирстеа со 2-1 во сетови.