Федерер со своја прогноза: Надал ќе биде најголемиот играч на сите времиња!

Најтрофејниот тенисер на денешницата, Швајцарецот Роже Федерер, го испофали својот најголем ривал на теренот, Шпанецот Рафаел Надал.

Тој зборуваше за неговите впечатоци од сезоната во која заврши на третото место на АТП листата, како и за големиот подем на Надал.

Тој е одличен човек, одличен играч. Кој би помислил дека 11 години откако Рафа првпат станал број 1, тој повторно ќе ја заврши годината како лидер на АТП. Сите велеа дека поради повредата нема да успее, нема во вистинско време да биде во форма, а неговиот тенис беше премногу тежок. Но, успеа да помине уште една неверојатна сезона, да освои два грен слема, сега има 19 титули. Уживав да играм со него на Лејвер купот во Прага и Женева. Научив многу од него, тој е одличен шампион и одличен тенисер. Мило ми е што можеме да играме едни со други, нашите битки на Вимблдон, Ролан Гарос и Австралија беа неверојатни. Тој ќе замине во историјата како можеби најголемиот играч на сите времиња, истакна Федерер.