Тенисот не памети вакво нешто: Федерер после пет сета славеше против Милман за осминафинале!

Најтрофејниот тенисер на денешницата, Швајцарецот Роже Федерер, по четири часа игра успеа да излезе на крај со Џон Милман победувајќи го со 3-2 во сетови и со тоа се пласираше во осминафиналето на Австралија опен.

Мотивиран од домашната публика, Милман одлично го стартуваше мечот откако до гоби првиот сет со 6-4. Но, во вториот и третиот сет Швајцарецот успеа да го сврти резултатот во своја корист, добивајќи ги со 7-6 и 6-4. Сепак, Австралиецот возврати во иста мера, па го доби четвриот сет со 6-4, но на крајот не успеа да направи целосен подвиг, губејќи го петиот сет со 7-6 во тај-брејк.

Во решавачкиот петти сет, и двајцата тенисери загубија по еден гем, па сетот замина во тај-брејк. Уште на стартот Федерер го загуби својот прв сервис, а тоа знаеше да го казни домашниот тенисер поведе со 5-2 и 8-4 во тајбрејот. Но, како и секогаш, Федерер е најдобар кога е најпотребно, па со серија од 6-0 успеа да го добие Австралиецот за пласман понатаму.

Инаку, преостанатите дуели минаа без некои поголеми изненадувања, а пласман понатаму обезбедија и Новаќ Ѓоковиќ. Марин Чилиќ, Милош Раониќ...