Федерер и Зверев срушија светски рекорд: Играа меч пред 42.000 гледачи (ФОТО)

Роџер Федерер и Александер Зверев одиграа егзибициски меч во Мексико и поставија нов светски рекорд според бројот на навивачи. 

Мечот се одигра во корида, односно арена каде што најчесто се одржуваат борби со бикови, а на трибините имаше дури 42.000 навивачи. Тоа е апсолутен рекорд кога е во прашање тениски натпревари иако се работи за пријателски.