Федерер го реши Нишикори за 13. полуфинале на Вимблдон

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер по два часа и 37 минути игра го обезбеди своето 13. полуфинале на вимблдон, откако во четири сета го совлада Јапонецот Кеи Нишикори со 4-6, 6-1, 6-4, 6-4.

Федерер лошо го отвори мечот против Нишикори и уште на самиот почеток загуби гем на свој сервис, по што потоа заигра многу подобро, па го реши Јапонецот.

Федерер притоа и постави рекорд со 186 победи на тревна подлога, откако го надмина легендарниот Американецот, Џими Конорс.

Швајцарецот во полуфинале ќе игра против подобриот од мечот меѓу Рафаел Надал и Сем Квери.