Федерер: Едвај чекам на нов меч со Новак Ѓоковиќ!

Швајцарската тениска ѕвезда Роже Федерер кој загуби во епското петчасовно финале на Вимблдон во пет сета од најдобриот тенисер во моментов Новак Ѓоковиќ порача дека едвај чека на нова пресметка со Србинот.

Прва шанса за реприза од вимблдонското финале можно е да има во Синсинати, каде Ѓоковиќ и Федерер би се соочиле во полуфиналето.

„Едвај го чекам првиот меч со Ѓоковиќ за да покажам колку можам. Наместо да велам 'сѐ е лошо' или 'се надевам дека не морам повеќе да играм тенис', мислам дека е подобро да размислувам на ваков начин. На победите не се сеќавате многу долго, ама поразите многу повеќе остануваат во вашите мисли. Особено ако станува збор за финалиња. Мислам дека е многу важно како ќе реагирам после сѐ“, вели Федерер.

Швајцарецот објави и како се чувствувал во следните неколку денови после поразот на Вимблдон.

„Постојано го враќав филмот, за да сфатам што сѐ случува. Се враќаат детали од финалето, добрите и лошите моменти. Сѐ е тоа до моментот кога ќе се вратите на терен. Потоа почнувате да размислувате на следниот турнир, на следниот предизвик и заборавате на претходното. После Вимблдон заминав со семејството во Швајцарија, малку да се опуштам, па да продолжам со тренинзи. Прво кондициски, па тениски. Поентата е на турнирот да дојдете свежи“, додава Федерер.