Ерата набрзо завршува: Федерер најави кога заминува во пензија?!

По се изгледа ерата на швајцарската тениска ѕвезда Роџер Федерер, најтрофејниот тенисер на сите времиња со 20 гренслем-трофеи брзо ќе заврши, зашто Швајцарецот најави дека во следните неколку недели ќе пресече конечно дали по август идната година ќе се повлече од „белиот спорт“.

Федерер кој има осум титули на најпрестижниот гренслем Вимблдон, најави дека сигурно е дека ќе игра до турнирот на „Ол Ингранд Клубот“ идната сезона и веројатно тој би му бил последен во кариерата.

„Јас длабоко во себе решив да играм до Вимблдон. Сега сум зафатен со конечната одлука дали да играм на ЛОИ во Токио. Веќе разговарав со мојот тим, со мојата сопруга Мирка. Ги прашав за мислење. Дефинитивно одлуката ќе ја донесам во следните неколку недели“, вели Федерер, додавајќи дека сака да има многу повеќе време за семејството.

Засега останува неизвесноста дали Федерер дефинитивно ќе стави точка на кариерата, иако медиумите оваа најава ја протолкуваа како најава за збогување, од причина што Федерер никогаш не го освоил златото на ЛОИ, а откажувањето од таква шанса веќе сигурно за последен пат, би значело дека после Вимблдон 2020 – го остава рекетот.

Јавноста со нетрпение, а посебно неговите навивачи ќе ја чекаат одлуката до средината на октомври, кога веројатно Федерер ќе ги соопшти плановите и јасно и гласно ќе каже сè.