Дрејпер не можеше да издржи и поврати на сред терен (ВИДЕО)

Тешките услови за игра влијаеја на тенисерите кои синоќа се појавија на УС Опен, во полуфиналето од последниот Гренд слем во сезоната.

Нив најтешко ги поднесе британскиот играч Џеј Дрејпер кому во вториот сет толку му се слоши што поврати на теренот, па мечот кратко беше во прекин. По натпреварот тој објасни што му се случило.

„Беше исклучително влажно, цела недела не вило вака како денеска. Освен тоа, малку сум анксиозен и кога сето тоа ќе се земе предвид, чувствувам мачнина на теренот, па затоа повратив. Но, тоа не ми помогна да се чувствувам подобро иако во ниеден момент не помислив да се предадам“, рече Дрејпер.

Пласманот во полуфиналето на УС Опен беше негов најголем успех во кариерата на Гренд слем турнирите, а со тоа се искачи за пет места на АТП ранг-листата и од понеделник ќе биде 20-пласиран.