Драма во Париз: Победи по три часа, па ја изнесоа од терен во – инвалидска количка (ВИДЕО)
Тоа беше исцрпувачки маратон во кој беа видени 24 брејкови, по 12 за секоја тенисерка, со тоа што Бертенс беше помалку успешна во одземањето на сервисот на противничката бидејќи имаше дури 30 можност, за разлика од противничката која имаше 19.
Холанѓанката, која е осма тенисерка на светот, попушташе физички во третиот сет, но некако успеваше да го задржи сервисот во првите два гема. Потоа, од 2-2 до 7-7 двете ги губеа гемовите во кои сервираа, по што Бертенс конечно доби еден свој гем и победи.
По крајот, таа од замор падна и заплака, а поради грчевите не успеа сама да се подигне од теренот. Мораше да добие помош од организаторот и да биде изнесена од теренот во инвалидска количка.