Дино Раѓа: Ѓоковиќ го нападнаа од малите злобни глувци кои се радуваат на туѓата несреќа

Легендарниот хрватски кошаркар, Дино Раѓа, повторно застана во одбрана на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Во утринската програма за српскиот медиум „РТС“, Раѓа зборуваше во суперлатив за најдобриот тенисер во светот, кој е мета на критики низ целиот свет за организирање на турнирот „Адриа“ и ширење на коронавирус кај тенисерите.

Прво, да разјаснам веднаш, затоа што ми рекоа дека го бранам пријателот. Сепак, тој и јас се запознавме еднаш во животот, разговаравме неколку минути, се сликавме и тоа е тоа. Јас не го бранам затоа што сме пријатели, туку затоа што имам голема почит кон него како спортист, заради сè што направи, и јас го почитувам уште повеќе заради неговото однесување, истакна Раѓа.

Потоа Раѓа поентираше.

Човекот навистина се обиде да направи нешто за нас, некаква реклама. Се случи тоа што се случи, но кога ќе погледнете денес, по осум дена, во Задар имате три или четири заразени лица покрај оние кои учествувале. Имате стотици случаи наоколу, но никому ништо. Се разбира, поентата не е да распнуваме некој непознат, туку некој познат. Тоа е општо проклетство на човечкиот род. Ѓоковиќ беше нападнат малите глувци кои би дале се за да бидат на негово место и кои се љубоморни на неговите успеси и за сè што прави. Едноставно, тоа е еден вид злоба што никогаш нема да го разберам и тоа е незамисливо за мене. Тие се радуваат на туѓата несреќа, а тоа не е во мојата ДНК, Раѓа.