Девенпорт ја објави листата на најдобри тенисери, Србите во неверица (ВИДЕО)

Легендарната американска тенисерка, Линдзи Девенпорт, за време на својата изолација ги објави десетте најдобри тенисери (и во двете конкуренции) на сите времиња.

На првите две места се нејзините ривали Серена Вилијамс и Штефи Граф, а потоа следат Роже Федерер и Рафаел Надал. Србинот Новак Ѓоковиќ се најде дури на шестото место, а пред него е и Род Лејвер, што беше големо неверување за српските медиуми.

Зад нив се легендарните Мартин Навратилова, Били Џин Кинг и Крис Еверт, додека на десеттото место е Пит Сампрас.