Бекер го нападна Кирјос: Погледни се во огледало...

Тениската легенда Борис Бекер не го штедеше контроверзниот НИк Кирјос, па го критикуваше поради неговите коментари за Новак Ѓоковиќ поради организирање на „Адрија тур“.

Кирјос неколку пати ги критикуваше своите колеги, меѓу кои Ѓоковиќ и Александер Зверев, по што Бекер реши да му одговори.

„Тој што ги напаѓа колегите спортисти не може да биде мој пријател. Погледни се во огледало и кажи дали си подобар од било кој друг“, напиша Бекер.

Веднаш потоа следеше одговор и од Кирјос.

„Борис, па тоа не беше тоа тениско натпреварување, ниту јас имам намера некој да напаѓам преку Твитер. Ние сме сред глобална пандемија“, одговори Кирјос.