Алкараз со пласманот во финале во Пекинг му помогна на Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и следната недела ќе биде на четвртото место на АТП-листата, и тоа благодарение на победата на Карлос Алкараз против Данил Медведев.

Медведев можеше да напредува на ранг-листата доколку го освоеше пехарот во Пекинг, меѓутоа загуби од Алкараз, па од понеделник ќе има и 100 бодови помалку на АТП-листата.

И по турнирот во Пекинг, се очекува да нема промени во топ-5, односно Јаник Синер остнаува лидер, па следи Алкарз, Александер Зверев, Ѓоковиќ и Медведев.