Алкараз ја надмина „големата тројка“ со триумфот на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со 3-2 во сетови славеше против Александер Зверев во финалето на Ролан Гарос.

Алкараз ја освои третата гренслем-титула, а со тоа ги надмина Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер затоа што до пехарите стигна на 21 година и 35 дена.