Алкараз го декласира Ѓоковиќ, па порача: Ова не беше мое најдобро издание!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз во три сета го декласира Новак Ѓоковиќ и обезбеди финале на Ју-Ес Опен.

Алкараз за помалку од два ипол часа успеа да го елиминира Србинот, а по мечот кажа дека не одиграл најдобро што знае на теренот.

„Ова е прекрасно чувство за мене. Пласманот во финале е одличен. Ова не беше мое најдобро издание, но важно ми беше да останам фокусиран. Задоволен сум што ќе се борам за титула“, кажа Алкараз.