Скијачот Ристевски се пензионираше од спортот на само 30 години (ФОТО)

Најдобриот македонски скијач во последните години Антонио Ристевски денеска објави крај на својата кариера и тоа на само 30 години. 

Трикратниот олимпиец се огласи преку социјалната мрежа „Фејсбук“ и го објави своето повлекување од спортот. Тој ќе остане запаметен по тоа што беше знаменосец на отворањето на Зимските олимписки игри во 2010 година во Ванкувер, а четири години подоцна во Сочи го имаше и најдобриот резултат на еден скијач во историјата на Македонија со пласманот на 29 место.