
Сензационален слалом во Шладминг, се радуваше Французинот Ноел
Победник е 25-годишниот Французин Клеман Ноел, кој се израдува на десеттата победа во светскиот куп, сите во слалом, но прва по декември 2021 година. Ноел не дека блескаше, но профитира поради конзистентноста и стабилноста. Во првото возење имаше седми резултат, а не беше подобар ни во рамки на второто, но поради осцилациите на најсериозните конкуренти заврши лрв.
Второто место, со задоцнување од само седум стотинки, му припадна на Швајцарецот Роман Ценхаојзерн, кој беше петти по првата серија, а нема подиум, речиси, цели две години. Трет финишираше Норвежанецот Лукас Братен, кој е водечки во поредокот за слалом и со овој пласман го задржа и го зголеми водството. Причина за тоа е киксот на неговиот сонародник Хенрик Кристоферсен, кој беше најбрз по прватат трка, но направи евтина грешка уште во првиот сектор од второто излегување на патеката и заврши 11-ти.
Сега Братен побегна на 430 бода, Кристоферсен има 389, а вечерашниот победник, Ноел, се качи на седма позиција со 232. Во генералниот поредок води Марко Одермат од Австрија, кој не скијаше денеска.