Се соблече речиси гола за да му оддаде почит на Коби Брајант (ФОТО)

За време на возењето на италијанскиот скијач Алекс Винацер се случи еден инцидент кој ретко се гледа на снежните патеки.

Пред да мине низ целта на второто возење во ноќниот слалом во Шладминг, една девојка речиси гола излезе на патеката со транспарент на кој пишуваше „РИП Коби Брајант“.

Ова го вознемири италијанскиот скијач, кому му беше автоматски подобрено времето по трката, но во центарот на внимението беше девојката која на необичен начин реши да му оддаде почит на трагично загинатиот Коби Брајант, кој настрада во хеликоптерска несреќа пред два дена заедно со својата 13-годишна ќерка и уште седум лица.