Русинка лани настапуваше за Јужна Кореја - сега зеде српско државјанство
На Авакумова не ѝ се допаѓал животот во Кореја, па откако ѝ помина меракот да учествува на Олимписките игри во таа азиска земја, сега реши да си замине. Сепак, таа нема намера да се врати во родната Русија, туку ќе стане натурализирана Србинка.
Авакумова сега чека разгледување барање и добивање дозвола од Интернационалната биатлон да си го смени државјанството, по што би добила „зелено светло“ да учествува како репрезентативка на нашиот северен сосед.