Откажан стартот на новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање!
Челниците од Меѓународната скијачка федерација (ФИС) утринава решија дека не постојат услови за воведната пресметка на скијачките, а се уште се вршат проценки дали би можела да се одржи утрешната трка во машки велеслалом.
Во случај да продолжат лошите временски услови во Австрија, тогаш новиот скијачки циркус официјално би почнал на 5 ноември во швајцарскиот ски-центар Цермат.