Јана Атанасовска победи на слаломската трка во Чешка

Македонската скијачка Јана Атанасовска славеше на слаломската трка во Чешка, во рамки на 58. издание на Ски Интер Критериум 2020 кој се одржа во скијачкиот центар Рички.

Скијачката родена во 2006 година имаше нешто послаба прва трка и заврши со време од 36.12 но во втората беше далеку подобра од конкуренцијата за речиси две секунди и во севкупниот поредок го освои првото место со вкупно време 1:14.36.

На трката учествуваа 40 скијачки од различни држави ширум Европа. Атанасовска се натпреваруваше и во велеслаломот и заврши на шестата позиција.

Во машка конкуренција во категоријата до 14 години во салоломот Данило Илиев заврши на 11. позиција, а Никола Деспотовски излета од патеката. Во велеслаломот Илиев заврши на 24 позиција.