Хиршер триумфираше без конкуренција во Алта Бадија

Актуелниот освојувач на Кристалниот глобус Марсел Хиршер триумфираше на третиот велеслалом во Светскиот куп сезонава, односно тоа му беше 61 победа во кариерата.

Хиршер немаше конкуренција, откако заврши со време 2:32.29, а втор беше Томас Фанара од Франција, додека трет беше Алексис Пантиро.

Во пласман на Светскиот куп во велеслалом Хиршер е водечки со 280 бодови, пред Кристоферсен, кој има 148.

Во генералниот пласман Австриецот се проби на првата позиција, на која има 380 бодови, на второ место е Макс Франц со 340, а трет е Лунс Аксел Свиндал со 333.