Американката Шифрин победи во слалом и сруши рекорд на легендарната Вон!

Американската скијачка Микаела Шифрин победи во денешната слаломска трка во финскиот скијачки центар Леви со за 16 стотинки подобро време од Швеѓанката Ане Свен Ларсон.

Ова беше нејзина вкупно 74. победа во Светскиот куп, а по 67. пат беше меѓу трите најдобри во слалом, што е најдобар резултат на сите времиња со оглед што го надмина досегашниот рекорд на легендарната Линдзи Вон.

Третото место ѝ припадна на Петра Влхова од Словачка, која имаше 20 стотинки полошо време од Шифрин. Четврта, пак, беше Германката Лена Дуер, кој беше водечка по првата трка. Утре во Леви ќе се вози уште една слаломска трка.