Херојот Марко најави нов голем подвиг на Охридското езеро

Марко Пејчиновски, кој има доживеано инфаркт на долните екстремитети, минатата година ги воодушеви сите во Македонија, откако успеа да го преплива Охридското езеро за девет часа.

Марко сега на Фејсбук објави дека сака да направи поголем подвиг, па најави дека на 28 август ќе плива од Охрид кон Свети Наум, а потоа и кон Струга, по што ќе се врати во Охрид.