Чудо од дете: Тринаесетгодишна пливачка ќе се бори за олимписка норма!

Тринаесетгодишната Американка Ерика Пелаез стана најмладата пливачка која ќе се натпреварува на квалификациски турнир за обезбедување олимписка норма на Игрите во Токио.

Пелаез овој викенд се натпреваруваше во квалификациската сесија во Секентал, Флорида, а нејзините времиња од 56.03 во 100 метри слободен стил и 1:02.65 во 100 грбно беа доволни за обезбедување на место во главните квалификации.

Пелаез исто така делницата на 50 метри слободно ја исплива за време од 26.12, како и 29.9 во 50 метри грбно. Стандардот на Олимписките игри во 50 метри слободен стил е 25.99, додека 50 метри грбно не влегува во олимписката програма.

Таа во наредниот период ќе има шанса преку главните квалификации да обезбеди норма за Олимпијадата.