Заврши доминацијата на Канада: Германките освоија златен медал во боб!

Германските натпреварувачки во боб, Лиза Буковиќ и Маријама Јаманка победија во двосед на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг.

Германките победија со вкупно време од 3:22.45 и за седум стотинки беа побрзи од Американките Тејлор и Гибс додека бронзениот медал го освоија олимпијкит еод Канада, Хамфриз и Џорџ.

Германките со освојување на златниот медал ја прекинаа доминацијата на Канада, која победи на игрите во Ванкувер во 2010. и во Сочи во 2014. година.