Вечерва мора сѐ да блеска: Мигрантите и бездомниците „исчистени“ од Париз (ВИДЕО)

Француската полиција денеска спроведе акција во Париз пред свеченото отворање на Олимписките игри.

По неколкудневни превирања и убедувања, од престолнината на Франција со автобуси се евакуирани мигрантите и бездомниците со цел Париз да изгледа убаво пред бројните гости од цел свет. Илјадници лица, главно од Африка, се тргнати од улиците и камповите, некои и на сила откако не сакаа да заминат по слободна волја.

За вечерва од 19:30 часот е планирано отворањето на Олимписките игри, но церемонијата може да ја расипат временските услови бидејќи за 18 часот се најавени врнежи од дожд.