Тренерот на сребрениот Георгиевски добитник на наградата „8 септември“!

Одборот за доделување на државната награда „8 септември“ утре од 11 часот во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија ќе ги додели наградите за највисоко признание за животно дело, но и за остварувањата во областа на спортот за 2024 година.

Добитник на наградата за животно дело за придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Македонија на меѓународен план ќе му припадне на Борче Костовски, кој е тренер на македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски кој освои сребрен медал на Олимписките игри во Токио.

Наградите со кои се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот ќе бидат поделени и на Мирко Димчевски, Зоран Бошковски, Рамадан Шабани и Димитар Јованов.