Тотална германска доминација во боб двосед, злато за – најтрофејниот во историјата!
Фридриќ заедно со партнерот Торстен Маргис ја одбранија олимписката титула од Пјонгчанг пред четири години и тоа со доминантно време од 3:56,89 минути. Фридрих е десеткратен светски шампион во боб, веќе има три злата од ЗОИ, ова како надополнување на двете од Пјонгчанг во двосед и четворосед и сега има шанса во четворосед во Пекинг да стигне до дабл-дабл во златни медали, ако успее да триумфира во сабота.
Зад Фридрих-Маргис до сребро со време 3:57,38 минути дојдоа Јоханес Лохнер и Флоријан Бауер, а до бронза со време 3:58,58 стигнаа Кристоф Хафер и Матијас Зомер. Првпат во историјата цел подиум беше само со Германци.