Зимските Олимписки Игри во јужнокорејски Пјонгчанг и официјално се затворени по 16-дневните борби за одличјата на најголемиот спортски зимски фестивал. Со свечена и спектакуларн церемонија, ЗОИ во Пјонгчанг заминувата во исторјата и ќе се паметат по норвешката доминација кај медалоносците, по низата спортски херои кои напишаа историја со освојувањето на одличја, по туризмот на македонските олимпијци, спортскиот дух на егзотичните натпреварувачи....

 

Следните ЗОИ за четири години повторно се на далечниот Исток и тоа во Пекинг, престолнината на Кина, која беше домаќин на Летните Игри во 2008 година. Помеѓу овие од Пјонгчанг до слендите во Пекинг, за две години во Токио ќе се одржат Летните Олимписки игри 2020.