Спустот во Пјонгчанг одложен поради безбедносни причини

Трката во спуст на Олимписките игри во Пјонгчанг е одложена поради силниот ветар и исклучително ниските температури.

Првата трка од алпското скијање на овогодинешните игри во машка конкуренција е одложена за в четврток во 3 часот по средноевропско време.

Трката ја одложивме од безбедносни причини“, соопштија организаторите.

Во Алпскиот центрар Џонгсеон брзинат на ветарот достигнуваше повеќе од 70 километри на час и се очекува дека таквото време ќе продолжи и в недела. Олимписките игри во Пјонгчанг ќе бидат едни од најстудените на сите времиња, а во моментите кога требаше да се вози спустот, температурата изнесуваше минус 18 степени Целзијусови.