Пред пет години работеше на бензинска пумпа, а синоќа го победи најдобриот снукерист!

Џордан Браун, 34-годишниот снукер играч кој пред пет години работеше на бензинска пумпа и размислуваше за крај на кариерата, синоќа успеа да го победи најдобриот снукерист во историјата Рони О’Саливен.

Браун славеше со 9-8, а во текот на целиот натпревар имаше предност. Најпрво водеше со 4-1, па со 5-3, но О’Саливан за момент израмни на 6-6, но неговиот ривал не се откажа до крајот.

При резултат 8-8 Браун не ја искористи првата меч-топка, но успеа при втората и така направи вистинска сензација во снукер и си освои 70.000 фунти.