Олимписките игри официјално не се почнати, а веќе падна првиот светски рекорд!

Без разлика што официјалното отворање на Летните олимписки игри (ЛОИ) е закажано за утре, но во Париз веќе започнаа натпреварите во неколку спортски дисциплини, меѓу кои се фудбал, рагби, женски ракомет и стреличарство.

Токму во стреличарство во поединечна серија во женска конкуренција падна и првиот светски рекорд, откако репрезентативката на Јужна Кореја, Сихјеон Лим, го собори светскиот рекорд. Таа утринава имаше вкупно 694 поени, со што за два поени го урна рекордот на сонародничката Кахејунг Канг, поставен во Хертонгебош во 2019 година. Лим истовремено постави и олимписки рекорд, кој го држеше уште една репрезентативка на Јужна Кореја, Сан Ан, која на претходната Олимпијада во Токио собра 680 поени.

Натпреварот во стреличарство продолжува на 30 јули, за кога е закажана првата елиминациска серија.