Олимписки шампион нема да оди во Токио ако мора да се вакцинира!

Јохан Блејк имаше несреќа да се појави кога во неверојатна форма беше Јусеин Болт, па освои само две олимписки златни медали. Тоа му успеа во 2012 и 2016 година како член на селекцијата на Јамајка на 4х100 штафета, но сега има големи шанси да не се појави во Токио.

Медиумите пишуваат дека одличниот спортист не сака да се појави на Летните олимписки игри во Јапонија доколку мора да се вакцинира поради ковид-19.

Блејк има 31 година и како спринтер ова му е последна шанса да се трка на ОИ, но наводно кажал дека нема да го направи тоа ако мора да прими вакцина

„Останувам силен, не сакам никаква вакцина. Подобро ќе ги пропуштам Олимписките игри отколку да ме вакцинираат. Имам своја причина поради тоа“, кажал Блејк.