НФЛ ќе се рестартира, ама 65 играчи нема да играат од – страв од ковид-19

Професионалната лига во американски фудбал (НФЛ) ќе стартува на 10 септември, ама вкупно 65 играчи нема да бидат дел од оваа сезона од страв поради пандемијата со коронавирус.

Играчите имале рок да се изјаснат дали ќе ја играат сезоната или не и после истекот на рокот, вкупно 65 професионалци ќе ги гледаат возбудувањата од дома пред малите екрани, а најмногу по екипа има во Њу Ингланд Патриотс, каде осуммина се откажале од настап во оваа сезона.

Сепак бројот на играчи кои нема да играат процентуално е мал во однос на 2.600-те вкупно кои имаа право да се изјаснат. Инаку 56 играчи беа заразени од коронавирус откако од 21 јули се отворија тренинг-камповите на тимовите.

НФЛ планира да ја одигра комплетната сезона со по 16 меча за секој тим, а потоа да се игра плејофот, а сите мечеви, како и во сите спортови ќе се играат под најригорозни и најстроги мерки за безбедност.

САД е најпогодената земја од коронавирусот со над 160.000 починати и над четири милиони заразени од новиот вирус кој направи пустош низ светот.