Неверојатни загуби: Одложувањето на ЛОИ во Токио чини – цело богатство

Олимписките игри (ОИ) во Токио 2020 година се најголем спортски настан кој е погоден од пандемијата на ковид-19. Ова е првпат по Втората светска војна натпреварувањето да биде одложено. Освен тоа, организаторите соопштија дека ОИ ќе чинат дополнителни 2,4 милијарди долари поради трошоците за одложување.

Ќе бидат потребни дополнителни 1,5 милијарди долари за оперативни трошоци поврзани со одложувањето, како и 900 милиони долари кои ќе бидат потребни за мерките кои се потребни да се спроведат за ОИ 2021.

Дел од дополнителните трошоци за организирање на ОИ во Токио ќе пристигнат од јапонските даночни обврзници, а вкупниот дел ќе го подели националнaта Влада, градот Токио и организаторите.

Меѓународниот олимписки комитет и јапонската влада мораа да ги откажат игрите кои беа најпрво закажани за годинава. До одлуката за одложување, организаторите за спортската манифестација потроши 13 милијарди долари.

Дополнителните трошоци за одложување на ОИ ги вклучуваат и платите на сите ангажирани лица за големиот проект, како и враќање на средствата за купените билети.